Менингитисот Б ќе се спречува со вакцина
Вакцина против смртоносната форма на менигитис Б наскоро се воведува во Обединетото Кралство, јавува Би Би Си. Британскиот Комитет за вакцинација и имунизација информира дека вакцината е ефикасна во спречувањето на менингитисот и дека произведувачот се согласил таа да влезе на листата на редовни вакцини финансирани од државата.

Вакцинирањето ќе може да се изведува и на двомесечна возраст. Близу 2 илјади лица годишно заболуваат во Велика Британија од оваа смртоносна болест, од кои еденво десетте најризични случаи завршува со фатални последици. Ризикот е најмногу изразен кај бебињата до едногодишна возраст, а бактериската инфекција создава воспаленија на мозокот и на р`бетниот мозок.
Зоран Богатинов