Несторовски го пропушта Европското првенство

26.04.2021 17:43

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе мора да оди на операција на коленото поради што ќе го пропушти историскиот настап на Европското првенство на нашата репрезентација.

На 46 дена до почетокот на Европското првенство во фудбал, 48 до историскиот дебитански прв натпревар на Македонската репрезентација против Австрија, пристигна непријатна вест од Рим.

Илија Несторовски ќе треба да го оперира коленото откако се повреди на тренинг на Удинезе. Тоа ќе значи дека Несторовски поради неопходната повеќемесечна пауза ќе го пропушти Европскиот шампионат.

За него сезоната е завршена, а ќе пропушти и добар дел од следната.