Оскари: „Земја на номадите“ доби награда за најдобар филм
26.04.2021 15:01
Актерката којашто ја играше главната улога во него Френсис МекДорманд е прогласена за најдобра глумица, а наградата за најуспешен актер ја доби Ентони Хопкинс за филмот „Татко“.

Годинашниот Оскар за најдобар филм го доби „Земја на номадите“.
Актерката којашто ја играше главната улога во него Френсис МекДорманд е прогласена за најдобра глумица, а наградата за најуспешен актер ја доби Ентони Хопкинс за филмот „Татко“.
Во категоријата „Странски филм“ триумфираше данскиот „Уште една тура“.
Поради пандемијата, 93 церемонија беше одржана на повеќе места во Лос Анџелес.
