Путин: Русија засега нема да воведе реципрочни санкции на САД
И во првиот случај - американските санкции и во вториот - воведувањето на визен режим за Украина, според мене засега треба да се воздржиме од одмазднички чекори - истакна Путин...

Русија засега ќе се воздржи од наметнување реципрочни санкции на САД и воведување визен режим со Украина, изјави претседателот Владимир Путин пред Советот за безбедност на Руската Федерација, јави ИТАР-ТАСС.
И во првиот случај - американските санкции и во вториот - воведувањето на визен режим за Украина, според мене засега треба да се воздржиме од одмазднички чекори - истакна Путин.
Ова најмногу се однесува на визниот режим со Украина.
Ако Русија преземе ваква мерка ќе настрадаат сосем нивини милиони Украинци кои бездруго живеат работејќи во Русија, обезбедувајќи малку пари за своите семејства. Не смее да го направиме тоа - изјави рускиот лидер.
