Свет

Почна повлекувањето на странските трупи од Авганистан

26.04.2021 20:06

Претседателот Бајден најави дека до 11-ти септември ќе заминат сите нивни единици.

Генерал Скот Милер, највисокиот американски командант во Авганистан, потврди дека странските трупи почнуваат да ги напуштаат воените бази во земјата кои сега ќе им бидат предадени на авганистанските сили.

Претседателот Бајден најави дека до 11-ти септември ќе заминат сите нивни единици.

Распоредувањето почна во 2001 година кога беше изведена првата операција на САД и Британија. Ним им се придружија 43 сојузници и партнери на НАТО.