Дипломатија

Пендаровски во дводневна посета на Брисел

27.04.2021 09:29

Пендаровски денеска ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји...

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да има средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.

Пендаровски денеска ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, соопштија од претседателскиот кабинет.

Шефот на државата ќе одржи средби и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Ќучук, како и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Пендаровски, според најавите од неговиот кабинет, утре ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.