Ковид-19

Денеска ќе се одлучува за пократок полициски час и посебни правила за празниците

27.04.2021 09:38

Вчера Кризниот штаб предложи полицискиот час од утре да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час.

Владата на денешната седница треба да донесе одлука за олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции истекуваат денеска.

Вчера Кризниот штаб предложи полицискиот час од утре да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час.

Олабавувањето на мерките, според министерот за здравство Венко Филипче, се должи на подобрената епидемиолошка состојба, а тоа е резултат на, како што вели, навремено донесените мерки и димензионирањето на целокупниот систем на координација на приеми во болниците.

Здравствените власти велат дека се намалува притисокот кон болниците во внатрешноста со префрлање пациенти во скопските јавно здравствени институции и системот на координација меѓу клиниките.

За групирањето за време на празниците, министерот Филипче рече дека верските лидери зеле обврска сè што може да се организира надвор, тоа и да се стори.