Ковид-19
СЗО: Во следните две недели одлука за кинеските вакцини
27.04.2021 09:44
Одобрението ќе биде индикатор за регулаторните тела на земјите во светот за безбедноста и ефикасноста на кинеските вакцини и ќе им овозможи да бидат вклучени во Ковакс програмата.

Светската здравствена организација се очекува во наредните две недели да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирусот.
Одобрението ќе биде индикатор за регулаторните тела на земјите во светот за безбедноста и ефикасноста на кинеските вакцини и ќе им овозможи да бидат вклучени во Ковакс програмата.
Доколку бидат одобрени, кинеските вакцини ќе бидат првите вакцини од незападни земји што ќе добијат одобрение од СЗО.
