Вакцинирани над 50 илјади граѓани, поголема количина вакцини пристигнува по празниците
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека завчера стасала нова количина со уште 20.000 од овие вакцини, а 7.000 од нив ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура.

Во државава досега се вакцинирани 53.193 граѓани, а на веб страницата „вакцинација.мк“ се пријавиле 203.047. Процесот на вакцинација се одвива добро, а во тек се и подготовките за масовната вакцинација која треба да започне по велигденските празници во шесте регионални вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди.
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека завчера стасала нова количина со уште 20.000 од овие вакцини, а 7.000 од нив ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура.
Вчера, како што изјави Филипче, се очекуваше да стигнат и 10.000 вакцини од „Фајзер“ обезбедени преку директен договор, а здравствените валсти веќе го добиле и распоредот за тоа дека секој понеделник ќе стигнуваат меѓу 4.000 до 7.000 вакцини, односно вкупно 26.000. Треба да пристигне и одредена количина вакцини преку системот на солидарност од ЕУ преку Австрија.
Сето тоа влегува во нашиот распоред како ќе се распределуваат вакцините. Има неколку пункта во државата, освен во Скопје, каде има фрижидери за вакцината на „Фајзер“ и тие се распределуваат и кон околните центри на тој начин што здравствените домови согласно бројот на закажани граѓани секое утро подигнуваат одредена количина од вакциналните пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди и така се прави распоредот и регионално, рече Филипче.
Веќе е завршено опремувањето на салите во Охрид, Штип и во Битола, а останатите три ќе бидат опремени до крајот на неделава, за да ги сместат, како што информира министерот, 200.000 вакцини кои треба да дојдат од Кина.
Според информациите, тие околу 28 април треба да се подигнат од Пекинг, на 30 април преку Истанбул да стигнат во Белград, а потоа со специјален ланец на камиони да стигнат во Скопје и ќе бидат сместени во ладната соба во Поликлиниката „Јане Сандански“, рече Филипче.
Воедно информираше дека сите граѓани кои се вакцинирани во Србија со кој било тип на вакцина, освен со „Астра Зенека“, ќе можат да се ревакцинираат кај нас. За помладите од 60 години, кои што се вакцинирани со „Астра Зенека“, рече, засега нема препорака да се ревакцинираат, бидејќи се уште нема јасен став, дали евентулано треба да примат друга вакцина или не.
