Брисел
ЕУ со правна постапка против „Астра Зенека“
27.04.2021 09:58
Според Европската комисија, постапката е поведена поради недостаток на сигурен план за обезбедување навремена испорака.

Европската унија почна правна постапка против шведско-британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ за непочитување на договорот за испорака на вакцини против коронавирусот.
Според Европската комисија, постапката е поведена поради недостаток на сигурен план за обезбедување навремена испорака. Според информациите, потегот го поддржале сите 27 земји-членки на ЕУ.
