Тигрово око- камен заштитник на успехот и благосостојбата
Тигровото око е камен кој оправдано се наоѓа на самиот врв на светската скалата на омилените кристали. Препознатлив е по наизменичните слоеви златна и кафеава боја. Љубителите на кристали се восхитуваат токму поради тие топли нијанси и неговиот свиленкаст сјај и мазната внатрешна структура.
Низ историјата каменот тигрово око бил прочуен како еден од најмоќните талисмани. Го носеле за заштита од зарек, проклетства, лоша среќа и сите видови зла. Особено бил почитуван поради уверувањето дека има способност за заштита од злоба, лоши желби и намери, односно да се елиминираат сите облици на негативност кои доаѓаат од околината.
Златната боја традиционално се сметала за боја на кралевите и богатството, па се верувало дека тие нијанси на тигровото око привлекуваат среќа, богатство, моќ и успех. Тигровото око било во задолжителниот прибор на римските војници, затоа што се сметало дека ја поттикнуваат храброста и даваат сила.
Тигровото око освен овие верувања во минатото, се смета за кристал кој го чува здравјето. Придонесува за правилна работа на ситемот за варење, на репродуктивниот и на нервниот систем.
Познат е по своето благотворно дејство на црниот дроб и на жолчката. лекува мигрена, помага за астма, за ангина, бронхитис, и синуси. Го чува здравјето на очите и го подобрува видот. Делотворен е за тахикардија и срцеви болести. Помага за снижување на крвниот притисок, Ги ублажува психичките пореметувања како што се фобии и параноја, епилепсија и шизофренија.
Ја поттикнува детоксикација на организмот, спречува опаѓање на косата ги јакне ноктите и ја подобрува убавината. Ја подобрува концентрацијата, виталноста и енергичноста. Со своето делување ја намалува немоќноста и помага за враќање на физичката сила кај слабите и исцрпени луѓе. Се смета и дека го подобрува расположението, еланот, Го користат и за учење и совладување нови знаења. Ја јакне способноста за размислување и донесување заклучоци, и затоа го носат ученици и студенти при полагање испити и разни други ментални задачи. Помага за подобро фокусирање, ја јакне будноста, разбиструва и помага за разбирање на причините и последиците, особено во непредвидливи ситуации. Со својата вибрација поттикнува реален пристап на проблемите и разумно делување. Помага за урамнотежување на емоциите и психата. Совршено ја одржува емоционалната рамнотежа. Помага при обликување на мислите и чувствата. Ја јакне вољата и придонесува за чувството за самодоверба и сигурност. Има силно антидепресивно и смирувачко дејство. Ги потиснува тегобата, немирот, стравот, претераните грижи, го поттикнува оптимизмот, вербата и надежта. ја ублажува тагата и така ја враќа психичката стабилност. Затоа се препорачува да се користи за лекување на емотивните рани и трауми. Тигровото око го сузбива самосожалувањето, самопотценувањето и самокритичноста, а истовремено ги засилува храброста, самодовербата и чувствата за лична вредност. Тој што го носи каменот може полесно да ги разоткрие своите недостатоци кои му го блокираат успехот и просперитет.
Привлекува среќа, пари и успех. Уште во далечното минато овој камен бил познат како магнет за благосостојба, а ова верување се одржало до денес. Привлекува успех во работата, ја јакне способноста за стекнување богатство и за негово одржување, но при тоа да не се појави алчност. Во водење на личните финансии овој камен придонесува за разумно носење реални одлуки, и за неконтролирано расфрлање со пари. Заштитник е на финасиските потфати па затоа често го носат банкарите и трговците.
Тигровото око ги стабилизира меѓучовечките односи, дава поддршка за нови почетоци и повторно воспоставување хармонија меѓу луѓето, затоа е пожелен во семејството, меѓу пријателите и колегите. Ги одржува чувствата на верност меѓу сопружниците, а посебно решава кавги поради љубомора, тврдоглавост и гордост.
Има поволно дејство и на децата и младите, особено за хиперактивните. Ја поттикнува креативноста, способноста за воочување, развивање на таленти и способности, за учење, ја надминува тремата, ги ослободува децата од сравови, срамежливост и чувството на отуѓеност од врсниците.
Тигровото око има силна заштитничка енергија, ги ублажува последиците од негативни промени и загуби, го јакне трпението, вољата и оптимизмот. Помага за реализирање на идеите и остварување на целите, препознавајќи ги внатрешните потенцијали. Ја јакне вољата за откажување од лоши навики, пороци и зависности. Поради сите овие особини тигровото око најчесто се носи како накит, приврзоци, или како камчиња за украс во просториите.
Еликсирот од тигрово око го подобрува опуштањето на ткивата и мускулите, а делотворен е кај костоболки и реума.
Каменот е издржлив на надворешни влијанија и удари, но треба да се избегнува допир со средства за чистење и други хемиски средства. Осетлив е и на парфеми лакови за коса и слични козметички препарати. Тигровото око се празни односно се чисти два пати месечно под силен млаз вода. Се полни кога е изложен најмалку 2-3 часа на сонце или во близина на горски кристали.
Соња Стојановска