МВР
41 прекршување на забраната за движење, 451 санкција за неносење маска
27.04.2021 10:18
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење, соопшти МВР.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 451 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
