Ковид-19

САД: 60 милиони вакцини на „АстраЗенека“ за други земји

27.04.2021 10:22

Земјата има огромна залиха на вакцини од овој производител, иако регулаторите сѐ уште ја немаат одобрено нејзината употреба.

САД во наредните месеци ќе поделат 60 милиони вакцини на „АстраЗенека“ на други земји, односно откако ќе завршат федералните безбедносни проверки. Земјата има огромна залиха на вакцини од овој производител, иако регулаторите сѐ уште ја немаат одобрено нејзината употреба.

Владата беше критикувана дека трупа залихи додека вакцините им се неопходни на некои земји. Минатиот месец, Џо Бајден одобри четири милиони дози да бидат испорачани во Канада и Мексико, а притисокот врз неговата администрација се засили во последно време поради големата криза со коронавирусот во Индија.