ЕУ и Иран ги продолжуваат разговорите
Иран, Британија, Кина, Франција, Германија и Русија се состанаа во Виена за да ги договорат чекорите што ќе бидат потребни доколку договорот, кој беше напуштен од поранешниот американски претседател Трамп, во 2018-та година, повторно заживее.

Продолжуваат разговорите во Виена со цел заживување на нуклеарниот договор со Иран од 2015-та година.
Иран, Британија, Кина, Франција, Германија и Русија се состанаа во Виена за да ги договорат чекорите што ќе бидат потребни доколку договорот, кој беше напуштен од поранешниот американски претседател Трамп, во 2018-та година, повторно заживее.
Делегација на САД е на посебна локација во Виена, бидејќи Иран ги отфрли директните разговори. Во првите два круга, европските страни во договорот изјавија дека забележале напредок, но дека е потребна уште многу работа.
