Образование

МОН не се откажува од носење на нов закон за учебници

27.04.2021 11:31

Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста, велат од МОН, по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи...

Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата, соопштуваат од МОН.

Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста, велат од МОН, по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред на Влада, по што  ќе биде доставен до Собранието.