По средбата со Пендаровски

Вархеји повика на заеднички прифатливо решение меѓу Македонија и Бугарија

27.04.2021 11:37

Важно е Северна Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение, напиша Вархеји на „Твитер“ по средбата со Пендаровски.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој утрово се сретна со македонскиот претседател Стево Пендаровски, се огласи кусо преку својот „Твитер“ профил по состанокот.

Ја истакнав поддршката за официално отворање на преговорите за членство и потребата Советот на ЕУ да се согласи за преговарачката рамка. Важно е Северна Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение, напиша Вархеји на „Твитер“ по средбата со Пендаровски.

Претседателот Пендаровски е во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби во ЕУ и во НАТО.