Лигата на шампиони во вистински сјај - дерби до дерби!
На ждрепката во Нион учествуваа шест поранешни европски шампиони...

Шпанско дерби, реприза на ланското полуфинале, Мурињо против Ибрахимовиќ, европскиот првак против трикратниот освојувач Манчестер Јунајтед. Лигата на шампионите на УЕФА ќе понуди екстремно уживање во фазата на најдобрите осум и во оваа сезона. Со оглед на реномето на екипите коишто беа дел од ждрепката во Нион, за очекување беше дека сите пресметки ќе го носат епитетот дерби.
Барселона ќе го пречека Атлетико Мадрид во нивниот прв меѓусебен дуел во европските купови. Борусија Дортмунд ќе сака реприза на ланскиот вкупен триумф над Реал со 4-3, за да го продолжи патот до второ искачување на тронот Челзи ќе се обиде да го елиминира Пари Сен Жермен, а во фудбалската класика Манчестер Јунајтед ќе застане пред баварскиот гигант Баерн.
На ждрепката во Нион учествуваа шест поранешни европски шампиони.
Лига на шампионите, четвртфинални двојки:
Барселона – Атлетико М.
Реал М. – Борусија Д.
ПСЖ – Челзи
Манчестер Ј. – Баерн М.
