ЕКОЛОГИЈА

Повторно пеплосан еден хектар езерска трска во струшко Калишта

27.04.2021 12:22

Деградацијата се повторува секоја пролет, пред почетокот на туристичката сезона, од страна на несовесните граѓани, кои заради профит, изградба на плажи и узурпација, го уништуваат природниот биодиверзитет на Охрдското Езеро.

Повторно опожарена голема површина на трска во струшко. Пожарот е предизвикан вчера попладне од непозанати сторители на локалитетот Калишко поле, при што изгоре еден хектар езерска трска. Во десеттина денови ова е втор голем пожар, каде што интервенираше противпожарната единица.

Деградацијата се повторува секоја пролет, пред почетокот на туристичката сезона, од страна на несовесните граѓани, кои заради профит, изградба на плажи и узурпација, го уништуваат природниот биодиверзитет на Охрдското Езеро.

„Со жалење може да констаитраме дека ова не е прв пат да ни се случува ваква катастрофа, меѓутоа вчерашната е со немерливи последици. Уништени се голем број живеалишта на птици и прирдното место каде се мрести крапот“, вели Никола Кукунеш граѓански активист.

Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби, а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите, спалени гнезда. Еколозите алармираат со години, а надлежните велат трагаат по сторителите.

Со палење на трската прво се прави штета генерално врз сиот животински свет што е во тој предел, затоа што тука се мрестат рибите, птиците имаат свои гнезда“, вели Борис Џајкоски, еколог.

Државниот инспекторат за животна средина пред десетина дена излезе на терен, врз основа на обезбедите докази поднесе кривична пријава против лице од Велешта што ангажирало градежна механизација за насипување на дел од крајбрежјето со шут и земја на локација кај опожарената трска.

Кривичниот законик за недозволена крајбрежна трансформација и уништување предвидува и затворска казна од три месеци до три години.

Соња Рилковска