Заев ставот за Пауновски ќе го каже на владина седница
Пред да биде донесена одлуката за директорот на Државниот пазарен инспекторат, премиерот Заев ќе ги разгледа сите материјали кои инспекторите му ги доставиле. Посочува дека одлуката ќе биде донесена на Влада, но вели, во случајот станува збор за непочитување на принципиленоста...

Дали ќе предложи разрешување на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, премиерот Заев одлуката ќе ја донесе откако ќе ги разгледа материјалите доставени од тројцата инспектори, со кои изутринава остварил средба во Владата.
Премиерот Заев рече дека ставот ќе го каже на самата владина седница.
„Сакам да ги прочитам во детали материјалите коишто инспекторите ми ги оставија. Тие усно ги образложија, јас ги разбирам што кажаа, но оставија значајни материјали коишто сакам да ги прочитам. Вредно е затоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот“, рече Заев.
