Бранот стивнува, апел да се почитуваат мерките
Се враќаат во функција и дел од хируршките одделенија. Министерот Филипче апелира, граѓаните и натаму да ги почитуваат мерките. До први мај, стигнуваат и вакцините од Кина.

Бранот стивнува, имаме сѐ помал број на новодијагностицирани. Се намлува и притисокот врз болниците. Се враќаат во функција и дел од хируршките одделенија. Министерот Филипче апелира, граѓаните и натаму да ги почитуваат мерките. До први мај, стигнуваат и вакцините од Кина.
Досега се вакцинирани 53.000 граѓани. Полицискиот час, во другите денови освен за време на празниците, ќе почнува во 21 часот, ќе се отворат и летните тераси на угостителските објекти. Денеска одлуката на Кризниот штаб треба да биде потврдена на Влада.
Според последната статистика се регистрирани 86 новозаразени со коронавирусот. Тоа претставува 10,6 проценти од направените 808 тестирања. Оздравеле 856 лица, но повторно имаме висок број на починати, вкупно 37 пациенти ја загубиле битката со Ковид-19. 11 од нив се од Скопје, најмладиот на возраст од 48 години. Четворица починале во домашни услови.
Бројот на починати од почетокот на епидемијата надмина 4.700 луѓе, а во моментов имаме речиси 16.000 активни случаи.
