Извештај на ГРЕКО за петтиот круг на евалуација за Македонија
Во извештајот објавен официјално денеска во Стразбур, заклучува дека земјата на задоволително ниво спроведе четири препораки содржани во извештајот. Од преостанатите препораки, девет се делумно имплементирани и десет не се имплементирани.

Групата на земји против корупцијата на Советот на Европа за петтиот круг на евалуација упати 23 препораки до Македонија. Во извештајот објавен официјално денеска во Стразбур, заклучува дека земјата на задоволително ниво спроведе четири препораки содржани во извештајот. Од преостанатите препораки, девет се делумно имплементирани и десет не се имплементирани.
Според ГРЕКО за поздравување е усвојувањето на новиот етички кодекс за лица кои вршат највисоки извршни функции. Како негативна забелешка, е давањето на имплементацијата на кодексот на однесување во рацете на заменик-премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на кодексот. Понатаму, загрижува постојаното отсуство на проценки на ризикот за интегритет во централната власт.
Иако во буџетот на Државната комисија за спречување на корупција се внесени значителни финансиски ресурси, таа сѐ уште не е целосно функционална, забележуваат од ГРЕКО.
Во однос на Агенциите за спроведување на законот, позитивно е што информациите за буџетот, активностите, одлуките, управните постапки и јавните набавки на Бирото за јавна безбедност – една од најтајните владини структури – станаа подостапни на интернет, покажува извештајот на ГРЕКО.
