Армија

Влечен воз донација од Турција, од денес дел од опремата на Армијата

27.04.2021 13:36

Влечниот воз ќе биде наменет за транспорт на оклопни возила и тешка механизација, операции за кои досега се трошеа средства за изнајмување...

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа примопредавање на донацијата од Република Турција – влечен воз за потребите на Армијата. Влечниот воз ќе биде наменет за транспорт на оклопни возила и тешка механизација, операции за кои досега се трошеа средства за изнајмување. 

„Со овој влечен воз кој што е произведен во Република Турција, и ја покажува и силата на одбранбената индустрија кај нашите пријатели, ќе обезбедиме целосен, сигурен и ефикасен транспорт на многу наши единици и опремата која што ја користат. Возилото ќе биде наша логистичка поддршка и обезбедување на транспорт на нашите инженериски машини, како и на сите наши оклопни возила, сегашни и оние кои што ќе ги користиме во иднина“, рече министерката Шекеринска.

Амбасадорот на Република Турција Хасан Мехмет Секизкок нагласи дека со зачленувањето на Северна Македонија во НАТО уште повеќе ќе се зајакне воената соработка меѓу двете држави.