Корупција

ГРЕКО со 23 препораки до Македонија

27.04.2021 14:34

Групата на земји против корупцијата на Советот на Европа- ГРЕКО, во својот извештај објавен денес во Стразбур, за петтиот круг на евалуација, упати до Северна Македонија вкупно 23 препораки...

Петтиот круг на евалуација на ГРЕКО се однесува на „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт. Усвојувањето на новиот Етички кодекс за лица кои вршат највисоки извршни функции, според ГРЕКО, е за поздравување. Со него за прв пат се воведоа правила за интеракција на лица кои вршат највисоки извршни функции со лобисти и трети лица кои сакаат да влијаат на јавниот процес на одлучување.

Како негативна забелешка, давањето на имплементацијата на Кодексот на однесување во рацете на заменик-премиерот, кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања. Загрижува постојаното отсуство на проценки на ризикот за интегритет и редовните проценки на влијанието на мерките за интегритет во централната власт. Иако во буџетот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се внесени значителни финансиски ресурси, таа, според ГРЕКО, сѐ уште не е целосно функционална и не може правилно да ги извршува своите должности според законите кои се на сила во моментот.

Во однос на агенциите за спроведување на законот (полицијата), позитивно е што информациите за буџетот, активностите, одлуките, управните постапки и јавните набавки на Бирото за јавна безбедност - една од најтајните владини структури - станаа подостапни на Интернет.

ГРЕКО забележува дека е неопходен понатамошен напредок за да се демонстрира прифатливо ниво на усогласеност со препораките во следните 18 месеци. Согласно на својот Деловник, ГРЕКО го поканува Шефот на Делегацијата на Северна Македонија да достави дополнителни информации во врска со спроведувањето на неисполнетите препораки до 30 септември 2022 година.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ