Нова инвестиција

Германска компанија отвора 400 работни места

27.04.2021 14:58

Германски „Гересхајмер“ отвора фабрика во Македонија. Ќе вработи 400 луѓе. 25 милиони инвестиција ќе се троши за специјализирани производи од медицинско стакло и пластика, производи од здравството и фармацијата...

Инвестицијата на германската компанија „Гересхајмер“ се очекува да достигне 25 милиони евра, се предвидува вработување на околу 400 лица. Во технолошко- индустриска развојна зона Бунарџик и официјално е отворена фабриката. Според менаџментот на компанијата ќе се вработуваат високостручни кадри. Платите ќе бидат двојно поголеми од просечните во земјава.

Компанијата ќе произведува медицинска пластика, а во вториот инвестициски циклус и медицинско стакло.

Според надлежните, во првите два месеци од годинава извозот од зоните забележал раст од 10 проценти. За осум месеци биле потпишани 53 договори за поддршка на инвестиции на домашни и странски компании.

Поддршката продолжува и за туристичко- угостителскиот сектор, вели вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Од 17,8 милиони евра, колку што тежи шестиот пакет на економски мерки, речиси половината се предвидени за угостителството.

Битиќи дециден дека со тековните програми се помага во сузбивање на сивата економија и зголемување на вработеноста во услови на криза.

 

Дијана Ценевска