Образование

Дигитализацијата на учебниците низ политичка призма

27.04.2021 16:01

До трето одделение со печатени учебници, четвртоодделенците првпат покрај печатени ќе имаат и електронски учебници. Премиерот Заев со појаснување за планот за дигитализација во образованието. За Мицкоски ваквите најави се обична глупост...

Покрај печатени учебници, за прв пат оваа година четвртооделенците ќе имаат можност да учат и од електронски. Учениците до трето одделение ќе продолжат со стандардниот дел на учење, рече премиерот Заев. Додаде дека државата сака да воспостави еднаков третман на сите деца, па така ќе се алоцираат пари за да се обезбедат приближно еднакви услови и ниеден ученик да не биде заборавен.

Реформата со учебниците за опозицијата е глупост. Велат – никаде во светот нема држава каде учениците немаат можност да учат од хартиени учебници. Ако власта инсистира, велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го блокираат Собранието.

Измените за Законот за учебници влегоа во собраниска процедура, но беа повлечени за доработка. Министерство за образование демантираше дека се откажува од носење на нов закон и појасни дека повлекувањето е само заради усогласување со европската регулатива.

Анита Димитријевска Велковска