Ковид-19

Кинеските вакцини се очекуваат на први мај

27.04.2021 16:11

Од Пекинг, преку Истанбул, Белград па во Скопје. Според планот, ќе бидат сместени во ладната соба во Поликлиниката „Јане Сандански“. Филипче најавува дека масовната вакцинација би почнала по велигденските празници...

На први мај се очекуваат да пристигнат кинеските вакцини, информира министерот за здравство Филипче. Од Пекинг, преку Истанбул, Белград па во Скопје. Според планот, ќе бидат сместени во ладната соба во Поликлиниката „Јане Сандански“. Филипче најавува дека масовната вакцинација би почнала по велигденските празници.

Според последните информации од здравство, во државава досега се вакцинирале околу 53 илјади граѓани. Околу 25 проценти, иако пријавени, не се одзвале на поканата за имунизација, или пак се јавувале утредента. Министерот уверува дека не останувале отворени вакцини.

Владата даде зелено светло за предложените мерки на Комисијата за заразни болести. Од 28-ми април полицискиот час ќе од 21 до 5 часот наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1-ви и 2-ри и меѓу 13-ти и 14-ти мај, поради Велигден и Рамазан Бајрам.

Од 28-ми април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, на терасите до 20:30 часот.

Наташа Гркова- Петрушевска