Проект

Зелена детска градина за здрава храна на децата и учениците од Велес

27.04.2021 16:17

Учениците и децата од градинката неколку месеци садеа, расадуваа, одгледуваа во пластеник, зеленчук и зачини, кои потоа ќе ги користат во нивната храна. Засадија и 50-тина садници на Туа, декоративно дрво, донација од ЈП Македонски шуми.

Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ и еден клон од Детските градинки „Димче Мирчев“ во Велес- „Ѕвончица“, добија зелена детска гадина. Учениците и децата од градинката неколку месеци садеа, расадуваа, одгледуваа во пластеник, зеленчук и зачини, кои потоа ќе ги користат во нивната храна. Засадија и 50-тина садници на Туа, декоративно дрво, донација од ЈП Македонски шуми.

Изминатите девет месеци, децата со нивните наставнички и воспитувачки, ги добиваа потребените информации за здравата храна, за здравата животна средина. Тие детски љубопитно гледаа како од семе расте расадот, од марули, млад кромид, кои наскоро ќе се најдат како нивен оброк.

Проектот е на Фондацијата „Фокус“ од Велес, финансиски поддржан од Министерството за животна средина со 300 илјади денари и 71 илјада од Општина Велес.

 

Петар Печков