Колекционерска картичка со автограм на Леброн продадена за повеќе од пет милиони долари
Картичката е издадена 2003 година и биле отштампани само 23 примероци. Според експтертите, продадената картичка е оценета како „трета најдобра која постои“, а купецот сакаше да остане анонимен...

Колекционерска картичка со автограм на ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е продадена на аукција за 5.2 милиони долари, објави акциската куќа ПВЦЦ Маркетплејс.
Картичката е издадена 2003 година и биле отштампани само 23 примероци. Според експтертите, продадената картичка е оценета како „трета најдобра која постои“, а купецот сакаше да остане анонимен.
Сумата од 5.2 милиони долари за кои беше продадена картичката со потпис на Леброн Џејмс претставува изненадување бидејќи за истата сума била продадена и картичка со ликот на бејзбол играчот Мики Мантел од 1952 година.
