Ракомет
Вардар против Металург во полуфиналето
27.04.2021 17:18
Вардар за противник во полуфиналето го доби тимот на Металург, а Еурофарм Пелистер ќе игра против Бутел...

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за завршницата од Купот на Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето.
Вардар за противник во полуфиналето го доби тимот на Металург, а Еурофарм Пелистер ќе игра против Бутел.
Во женска конкуренција Куманово ќе игра против Металург, а Вардар против Чаир.
Машките полуфиналиња се играат на 14. мај, петок, женските се следниот ден.
Финалињата во двете конкуренции се играат на 16. мај. Сите мечеви ќе биде во салата „Автокоманда“.
