НБА
Дјурант поблиску до Џордан, само Кавс имаа под 100
21.03.2014 12:43
Првата ѕвезда на Оклахома Сити постигна 35 поени, во триумфот на Тандер кај Кавалирс (95:102). Кевин Дјурант е на само 7 натпревари до остварувањето на најславниот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан кој што имаше серија од 40 натпревари со +25 поени во сезоната 1986/87.

Иако почна со 5 промашувања во првите 6 обиди, Дјурант одигра уште еден маестрален шутерски натпревар, а на крајот се врати во игра од клупата и ги погоди сите 5 слободни во последната минута од мечот, за триумф со кој што Оклахома (50/18) се доближи до најдобриот резултат на Западот што во моментов е сопственост на Сан Антонио (51/16).
Кавалирс беа единствената екипа што синоќа броеше под 100, постигна "само" 95 поени, но имаше неверојатна серија од 21:2 и стигна до 92:97 во последата минута, во обидот да им ја украде победата на гостите кои што се опуштија по позитивата од 24 поени.
Тандер играше без Расел Вестбрук кој што е на заслужен одмор, откако се врати по операцијата на коленото, поради преголемиот притисок од многу натпревари во згуснатиот распоред.
На другите средби во синоќешната НБА понуда:
Хјустон - Минесота 129:106
Портланд - Вашингтон 116:103
Голден Стејт - Милвоки 110:105
*Атланта и Перо Антиќ играат против Њу Орлеанс Пеликанс, во 00:30 часот.