Владата го разреши директорот на ДПИ, Стојко Пауновски
„Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според Законот за државен пазарен инспекторат“, стои во владиното соопштение.

На владина седница донесена одлука за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
„Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според Законот за државен пазарен инспекторат“, стои во владиното соопштение.
Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови се спротивстави на одлуката за прераспределба на рамковно вработените лица. Рече дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 32 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование, по што премиерот му се закани со смена.
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ги слушнал ставовите на инспекторите на Државниот пазарен инспекторат кои застанаа во одбрана на нивниот директор. Рече дека во случајот станува збор за непочитување на принципиелноста.
