Спасовски: Мерките да се почитуваат, полицијата подготвува планови за засилени контроли

27.04.2021 19:26

Донесените одлуки да се почитуваат, празниците да се поминат во семејна атмосфера– порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. По прифатените мерки од Комисијата за заразни болести и во пресрет на празниците полицијата подготвува планови за засилени контроли.

Многу е важно граѓаните да бидат одговорни во време на светска пандемија. Донесените одлуки да се почитуваат, празниците да се поминат во семејна атмосфера– порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. По прифатените мерки од Комисијата за заразни болести и  во пресрет на празниците полицијата подготвува планови за засилени контроли.

Оваа година се порелаксирани мерките од минатата година, но состојбата не е порелаксирана. Имаме сериозна состојба и треба да останеме сериозни и одговорни во овој дел. Затоа апелирам достоинствено да ги поминеме сите овие празници. Да празнуваме во кругот на нашите семејства, да не се групираме во верските храмови и објекти, порача Спасовски.