Олабавување на мерките

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, полицискиот час од 21 до 5 часот наутро

28.04.2021 09:36

Полицискиот час од денеска ќе почнува во 21 и ќе трае до 5 часот наутро, а угостителските објекти ќе можат да ги отворат терасите и да работат до 20:30 часот. Од денеска престанува да важи и забраната за организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип...

Полицискиот час од денеска ќе почнува во 21 и ќе трае до 5 часот наутро, а угостителските објекти ќе можат да ги отворат терасите и да работат до 20:30 часот. Од денеска престанува да важи и забраната за организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип.

Забраната за организирање свадби, родендени и крштевки останува, а продолжува да важи и забраната за работа на сите фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, односно својата дејност ќе може да ја извршуваат само на отворен простор, согласно соодветниот наменски протокол.

Согласно владината одлука и угостителските објекти регистрирани за прослави ќе можат работат само како ресторани на отворено, односно на терасите.

Новите мерки ќе важат до 15-ти мај.

Според најавите владата, и покрај рестриктивните мерки ќе му помогне на туристичко-угостителскиот сектор. Од 17,8 милиони евра, колку што тежи шестиот пакет економски мерки, само за угостителството се предвидени 9,9 милиони евра.