СЗО

Речиси 5,7 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот минатата недела

28.04.2021 09:58

На глобално ниво, бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголеми деветта недела по ред, а минатата недела беа пријавени скоро 5,7 милиони нови случаи, се наведува во билтенот на СЗО.

Речиси 5,7 милиони нови случаи на коронавирус се регистрирани ширум светот во изминатите седум дена, што е за осум проценти повеќе од претходната недела, соопшти Светската здравствена организација.

Стапката на смртност исто така се зголеми за пет проценти, и регистрирани се 87.000 смртни случаи од Ковид-19.

На глобално ниво, бројот на нови случаи на ковид-19 се зголеми деветта недела по ред, а минатата недела беа пријавени скоро 5,7 милиони нови случаи, се наведува во билтенот на СЗО.

Најдрастично зголемување на бројот на случаи е регистрирано во Југоисточна Азија, пред сè во Индија. Во тој дел од светот се регистрирани 2,26 милиони новозаразени и 17.000 смртни случаи.