Игран филм

ГОЛЕМАТА ВОДА

Сабота, 20:15

Филмот „Големата вода“ сe базира врз истоимениот роман на Живко Чинго од 1971 во кој централна тема е животот на децата во еден дом за сираци, непосредно по завршувањето на Втората Светска војна и стапувањето на комунистичко-социјалистичкиот режим во Република Македонија, која во тоа време е во рамките на СФРЈ. Филм за истакнатиот македонскиот политичар Лем Никодиноски, кој по атентатот лежи на смртна постела и се сеќава на своето детство. Детство, кое го поминал во едно сиропиталиште, заедно со другите сирачиња чии родители настрадале за време на војната, или биле прогласени за колаборационисти, т.е. непријатели на новиот политички режим. Низ сцените кои ни го доловуваат неговиот поглед на тој период, положбата на малите деца и односот на воспитувачите кон нив, малку по малку на гледачите им се открива симболиката на насловот на филмот и сето она што се случувало меѓу ѕидовите  во домот. Неговата исповед не е обична приказна за страдањето на балканскиот Оливер Твист, туку претставува приказна за пријателството, добрите дела, љубовта, предавството.

Филмот е во режија на Иво Трајков, музиката е на Кирил Џајковски, а во главните улоги настапуваат: Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Сашо Кекеновски, Верица Недеска, Маја Станковска.

Награди: Гран При на 26-тиот Интернационален филмски фестивал во Валенсија и награда за најдобра режија, најдобра филмска музика и најдобра фотографија на фестивалот во Валенсија во 2005, најдобар филм на Интернационалниот филмски фестивал во Дубровник( 2005), како и награда од публиката на филмскиот фестивал во Констанца, Романија( 2005).

„Големата вода“ бил македонски кандидат за Оскар во категоријата „Најдобар странски филм“ за 2004 година.

Производство: 2004