Индија

Енормен број на заболени со Ковид-19 во Индија

28.04.2021 11:35

Според официјалните податоци во Индија дневно се произведуваат 7.200 тони кислород, додека потребите на болниците надминуваат 8.000 тони...

Недостатокот на медицински кислород и се заканува на Индија која е соочена со енормен прилив на новозаболени од Ковид-19.

Болниците се преполни и веќе не можат да примаат нови пациенти.

Проблем е недостатокот на резервоари за кислород, а пред пунктовите за полнење се создаваат долги редови.

Според официјалните податоци во Индија дневно се произведуваат 7.200 тони кислород, додека потребите на болниците надминуваат 8.000 тони.

Сериозен проблем е и навремениот транспорт на кислородот до болниците.