Кина

Состанок за соработка на земји од Азија

28.04.2021 11:42

Шесте министри разговарале за снабдувањето со вакцини како и обновата на економиите погодени од пандемијата...

Шефовите на дипломатиите на Кина, Авганистан, Пакистан, Непал, Шри Ланка и Бангладеш на видеоконференција се согласија да ја продлабочат антиепидемиската соработка, бидејќи голем број земји од јужна Азија се соочуваат со бран на новозаболени со Ковид-19.

Шесте министри разговарале за снабдувањето со вакцини како и обновата на економиите погодени од пандемијата.

Кина соопшти дека на средбата била поканета и Индија, а министерот за надворешни Ванг Ји најави дека Пекинг е подготвен да обезбеди помош за Њу Делхи според барањата на тамошната влада.