Ракомет

Македонија оди на победа против Финска

28.04.2021 12:17

Ракометарите имаат самодоверба, се виде и на тренинзите во Скопје дека им внесе живост победата над Данска од 10 март...

Македонија денес во 17:00 часот ќе игра против Финска. Македонската машка репрезентација нема да прави никакви калкулации и како што најави уште во Скопје, ќе оди на сигурна победа. 

Финците нема што да понудат за да ја загрозат Македонија или, барем, така очекуваме да биде со оглед на разликата во квалитетот, на убедливата победа од првиот натпревар, во Скопје 33-24.

Лазаров и Миркуловски можеби ќе се чуваат колку што можат за неделниот меч, со Швајцарија, но важно е дека се тука, на располагање. Згора на тоа, ракометарите имаат самодоверба, се виде и на тренинзите во Скопје дека им внесе живост победата над Данска од 10 март, па сега потребно е да се искористи тој „моментум“ и да се гради врз него.