Пирло: Секој ден добивам смртни закани поради татко ми
Би ве замолил, само за кратко време да се ставите на мое место и да ми кажете како се чувствувате, напиша Николо...

Андреа Пирло, на својот инстаграм профил објави еден подолг пост во кој откри дека тој и неговиот татко секој ден добиваат по неколку смртни закани.
Во својата објава, 17-годишниот Николо Пирло, постираше и една фотографија на која јасно може да се прочита заканата: „Мора да умреш заедно со својот татко“.
- Постои граница за се, но таа веќе подолг период е помината. Имам 17 години и секој ден добивам пораки со ваква содржина и тоа не поради нешто лошо направено од моја страна. Мојата единствена вина е што сум син на тренерот кој најверојатно, како и што треба да биде, не му се допаѓа на некого. Секој ден добивам пораки во кои ме навредуваат и сакаат да умрам. Би ве замолил, само за кратко време да се ставите на мое место и да ми кажете како се чувствувате, напиша Николо.
