Битолската градоначалничка бара дозвола за градба- „Плодност“ укажува на грешки во администрацијата
Недела дена по обелоденувањето од страна на градоначалничката Петровска дека во болницата „Плодност“ се доградува без градежна дозвола своите аргументи како оштетен инвеститор на домашна инвестиција од три милиони евра ги образложи и сопственикот на болницата д-р Таше Трпчевски …

Ако пред недела дена првиот човек на општината порача дека кога се гради, се гради само со издадена градежна дозвола, сопственикот на „Плодност“ денес прашува во која правна држава за грешките на администрацијата треба да страда инвеститорот. Погрешната процена на висината на комуналиите е првата пречка за издавање на градежна дозвола, но и аргументи за различни ставови.
Ако за Петровска со ова се спасило оштетување на буџетот за 100.000 евра, за Трпчевски било плаќање на големи пенали кон градежната фирма. Кулминацијата доаѓа откако сопственикот на болницата ја повлекува жалбата до второстепената комисија.
Трпчевски вели се работеше само за подготвителни активности.
Кој кому ќе поднесува кривични пријави останува да се види. Едно е јасно инвестицијата вредна три милиони евра и која требаше да донеси стотина нови вработувања и современи медицински услуги за граѓаните од денес е минато свршено време вели сопственикот на „Плодност“.
Стевче Митревски
