Македонија

Годишен извештај на омбудсманот: Има проблеми со онлајн наставата

28.04.2021 14:09

Народниот правобранител Насер Зибери го објави извештајот за повреда на човековите права. Посебен акцент е ставен на кршењето на правата на децата за посетувањето настава преку онлајн-учење. Не е задоволен од Собранието пред сè, вели поради нефункционалноста на механизмот за граѓанска контрола...

Собранието е меѓу институциите од кои народниот правобранител не е задоволен. На владата ќе и го пријави законодавниот дом кој го избра на оваа функција, пред сè поради бавноста со која се усвојуваат извештаите на омбудсманот, но и поради нефункционалноста на механизмот за граѓанска контрола за што постои заинтересираност, а е од особена важност, посочи народниот правобранител Зибери.

Во извештајот посебно се посочува дека детските права биле нарушени со промена на начинот на учење од настава со физичко присуство во учење преку интернет.

Зибери со критика за состојбата во управното судство. Наместо судиите да одлучуваат мериторно, вели, тие ги враќаат постапките назад и си играат пинг-понг со граѓаните влечејќи ги нивните проблеми до бесконечност. До него минатата година пристигнале 9 претставки за недобивање на државјанства на граѓани кои се родиле во земјава пред осамостојувањето.

 

Фиљана Кока