Штип

По девет децении ќе се обнови „Саат кулата“ во Штип

28.04.2021 14:32

Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој ќе се реставрира споменикот на културата „Саат кула“ во Штип. Ќе се обнови механизмот на часовникот и камбаната која со векови го означувала времето на градот под Исарот...

Конзерваторските истражувања се завршени, а наскоро ќе следи целосна конзервација и реставрација на саат кулата во Штип. Објектот изграден во 17 век, а последната обнова ја имал во 1934 година

Објектот е изграден 1650 година како одбранбена кула, а легендата вели дека во 19 век во „Саат кула“ ја пренаменил непознат турски бег за да ја придобие љубовта на убавата штипјанка Анка.

Со средства од во висина од 5.600.000 денари, ќе се врати стариот сјај на објектот кој е заштитен знак на штипско „Горно маало“, а се збогатува и туристичката понуда на градот.

Обиди за обнова на „Саат кулата“ локалната власт и бизнис заедницата имаа во неколку наврати минатите години, но безуспешно заради проблеми со жителите на соседните објекти. Во Штип околу десеттина споменици на културата, меѓу кои средновековната тврдина на Исарот, Хусамедин – Пашината џамија, односно црква „Свети Илија“, и куќите во штипско Ново село од 19 век, се оставени на забот на времето и имаат потреба од итна реставрација.

 

Славица Величковска