Политика

Различни ставови за нови пратенички групи во законодавниот дом

28.04.2021 14:36

Спорот повторно е меѓу ВМРО – ДПМНЕ и спикерот Џафери. По најавата дека опозициската партија размислува да формира посебни пратенички групи од своите 44 пратеници, собранискиот спикер вели нема за тоа можност. Го демантира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој го цитираше деловникот за работа.

Секој со своите политички размислувања во Собранието на кое му фали сосем малку повторно да е блокирано. Спорот повторно е меѓу ВМРО – ДПМНЕ и спикерот Џафери. По најавата дека опозициската партија размислува да формира посебни пратенички групи од своите 44 пратеници, собранискиот спикер вели нема за тоа можност. Го демантира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој го цитираше деловникот за работа.

Џафери толкува нема таква можност. Сега според него е поинаква политичката клима, од онаа во 2017 кога опозициската партија исто постапи. Тој не очекува нова блокада на Собранието бидејќи лидерите на партиите тоа го договориле.

На ВМРО-ДПМНЕ противречат и од СДСМ. Гледаат најава за нова апстиненција во собраниската работа.

Помалите партии во Собранието пак со свои предлог измени на законите. ДОМ и Демократски сојуз поднеле измени на изборниот законик за локалните избори со кои треба да има отворени листи за гласање, Левица инсистира на намалување на патните трошоци за пратениците од сегашните 20 на 5 насто. Со ова Апасиев бара наместо 4.800, пратеник би добил 1.200 денари за патни трошоци што е реална сума за патување до и од Собранието.

 

Миле Ристески