Формула 1

Гугл не го заборава великанот

21.03.2014 13:08

Легедарниот Ајритон Сена е роден на денешен ден во 1960-тата година, а загина на 1 мај 1994-тата на трката за големата награда на Сан Марино...

Во чест и сеќавање на еден од најголемите возачи во Ф1,Ајритон Сена пребарувачот Гугл својата денешна апликација ја посвети на великанот.

Легедарниот Ајритон Сена е роден на денешен ден во 1960-тата година, а загина на 1 мај 1994-тата на трката за големата награда на Сан Марино.

Во својата кариера Сена три пати беше светски шампион, победи на 41 трка, освои 65 пол позиции и уште 39 пати беше на подиумот.

Со својот стил на возење и денеска е репер и пример за сите млади возачи, не само во Ф1 шампионатот.

Сена беше побожен човек и се памети по една своја изјава:„Само затоа што верувам во Бога, само затоа што имам верба во Бог,тоа не значи дека сум имун, тоа не значи дека сум бессмртен“.