Учениците ја бојкотираа наставата, група граѓани со потписи против дигитализацијата
Дел од средношколците во текот на денов не се вклучија онлајн на наставата поради револт против најавената дигитализација на учебниците. Сојузот на средношколци го осуди овој бојкот и го нарече беспредметен...

Да запре постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование побара неформална група граѓани здружени на Фејсбук со иницијатива „Учебници и настава мора да има“. Тие почнаа со собирање потписи за да се законот да влезе во Собранието. Фејсбук-групата има над 70.000 приврзаници за утре најави бојкот на наставата и со физичко и со онлајн учење.
Групата побара од министерството да се организира јавна расправа за предложениот закон, нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во ревизијата на текстот. Според нив, предлог-законот не ги решава проблемите во образованието и произведува нови. Има и недоследности и поврзаност со другите закони од оваа чувствителна област.
Дел од средношколците во текот на денов не се вклучија онлајн на наставата поради револт против најавената дигитализација на учебниците. Сојузот на средношколци го осуди овој бојкот и го нарече беспредметен. Дигитализацијата на учебниците се однесува само на четврто одделение, кои ќе бидат дигитални од септември, а многу години ќе поминат додека отпочне процесот на дигитилизирањето на наставните материјали во средното образование.
Министерството за образование апелира до учениците и родителите да продолжат со настава.
Ана Јосифоска Тодоровска
