Индија

Индија деновиве забележа светски рекорд на новозаразени

28.04.2021 15:48

Епидемиолошката состојба натаму е тешка, а здравствениот систем е под голем притисок. Болниците ширум земјата се соочуваат со недостиг на кислород, лекарства и медицински персонал...

Светската здравствена организација предупреди дека варијанта на коронавирус, за којашто се верува дека предизвика епидемијата во Индија, е откриена во примероци во 17 земји.

Епидемиолозите на оваа здравствена организација ова варијанта на заразата сега ја нарекоа Б. 1.617 и во испитувањата е откриена во повеќе од 1200 секвенци на вируси коишто ги внесени во базата на податоци на ГИСАИД. Во оваа варијанта на вирусот се вклучени неколку субваријанти со малку поинакви мутации и карактеристики

Според информацијата на Светската здравствена организација анализите покажале дека Б. 1.617 има побрза стапка на ширење од другите варијанти во Индија, што укажува на потенцијално поголема зараза.

Странските агенции известија дека Индија деновиве забележа светски рекорд на новозаразени, и дека секои пет минути умира по едно лице. Во изминатите 24 часа починале рекордни 3293 лица така што досега починале над 200.000 луѓе но и дека се забележани 360.000 нови заболувања од вирусот, а бројка на заразени е над 18 милиони.

Епидемиолошката состојба натаму е тешка, а здравствениот систем е под голем притисок. Болниците ширум земјата се соочуваат со недостиг на кислород, лекарства и медицински персонал.

Болниците се преполни, со пациенти, а оние кои не успеваат да бидат загрижени, спас бараат во светилишта на Сиките во гратчето Газиабад,

„Мајка ми е болна, не може да диши, во аптеките нема лекарства, веќе 7 дена има температура се надеваме дека ќе дојдеме до кислородна поддршка“, изјави граѓанин.

„Ние бараме кислород низ цела Индија, сите наши возила се наоѓаат на терен кои бараат кислород“, изјавија граѓани.

Топлото време, и недостигот на кислородни боци, дополнително ја отежнуваат здравствената состојбата во, земјата.

Транспортот на кислород е логистички кошмар во оваа фаза, бидејќи Индија има недостиг од снабдување со резервоари со кислород и ако некогаш сме имале, тие доаѓаат од Германија, па затоа се обидуваме да се справиме со тој недостаток.

Поради тоа на илегалниот пазар најмногу работа имаат дилерите на најбараната стока кислородот.

„Има недостиг, Јас можам да обезбедам само 5 насто од побарувачката“, изјави граѓанин.

„Ова е за мојот вујко, има 75 години и во критична состојба“, изјави граѓанин.

Во меѓувреме кислород медицинска опрема и респиратори пристигнаа во Њу Делхи од Велика Британија, а најавена е помош од Ирска Германија и Австралија.