ССМ: Ковид-19 да се третира како професионално заболување
На онлајн дебатата посветена на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа ресорната министерка Шахпаска изјави дека е потребно подигнување на јавната свест, како и превенирање од зараза со Ковид-19 преку преземање на потребните мерки и почитување на протоколите за заштита на здравјето...

Синдикатите излегоа со конкретни барања до Владата, предлагаат Ковид-19 да влезе на листата на професионални болести не само за здравствените работници туку и за работниците од други дејности на работни места каде е можен контакт и изложеност на коронавирус.
ССМ потсетува дека веќе е прифатена иницијативата на Синдикатот за здравствена дејност во правилникот за листа на професионалните болести да се стави и Ковид-19. Во колективниот договор за вработените во полицијата обезбеден е 100% надомест на плата за отсуство од работа поради зараза со Ковид-19, изолација и самоизолација. Синдикатите иницираа, а државата прифати во јавниот сектор отсуството од работа поради заболување со Ковид-19 да биде покриено со исплата на 100% од утврдената основица од плата.
На онлајн дебатата посветена на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа ресорната министерка Шахпаска изјави дека е потребно подигнување на јавната свест, како и превенирање од зараза со Ковид-19 преку преземање на потребните мерки и почитување на протоколите за заштита на здравјето. За таа цел сведоци сме на бројни промени на начинот на работа во фирмите, работа од далечина, како и воведување на смени, односно ротации на вработени, рече Шахпаска.
Свето Николовски
