Пендаровски- Столтенберг: Шпекулациите за менување на границите водат кон нестабилност
Македонија е одговорна членка на НАТО, порача генералниот секратер Столтенберг по средбата со претседателот Пендаросвски. Шефот на државаава со став- нашето членство се заснова на три столба, зголемување на буџетот во одбараната, реформи и извезување на стабилност и безбедност како членка на Алијансата. И Столтенберг и Пендаровски реагираа на шпекулациите кои произлегоа од наводните нон- пејпери за прекројување на границите на Западен Балкан. Нагласија дека овие наводи не помагаат на стабилноста...

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, воздржан во коментарите. Според него, станува збор за шпекулации кои не придонесуваат за стабилност на регионот.
„Не е до мене да коментирам нешто што не сум видел. Но, она што е важно, сакам да потенцирам дека шпекулациите за менување на границите доведуваат до нестабилност и креираат несигурност во регионот. Сметам дека ваквите шпекулации не се добри. Ние работиме на стабилноста и на Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Хрватска. Дури и на Србија, која не бара членство во Алијансата“, вели првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг.
Сѐ уште не е утврдено која држава е одговорна за вториот нон- пејпер, вели претседателот Пендаровски по средбата со Столтенберг.
„Во текот на вчерашните разговори во Европската унија и денеска со генералниот секретар, сакам да потенцирам дека никој, ама баш никој, не го подржува овој нон- пејпер. Фактот што авторите се сѐ уште непознати е јасен показател дека тие се засрамени од нивните идеи. Мислат дека ако се делат луѓето тогаш напредокот ќе дојде“, нагласи претседателот Пендаровски.
За блокадата од страна на Бугарија, за одржување на првата меѓувладина конференција, Столтенберг како прв човек на НАТО, организација во која и двете држави се членки, изјави дека ги охрабрува Скопје и Софија да постигнат конструктивен дијалог, посочувајќи го успехот и членството во НАТО по Преспанскиот договор.
Столтенберг и Пендаровски на средбата разговарале и за пандемијата, за повлекувањето од Авганистан, за македонското постепено зголемување во буџетот за одбраната, за реформите во овој сектор. Столтенберг на прес- конференцијата укажа и на растечките кибернетички закани од Русија и економското влијание на Кина.
Марина Стојанова- Тонева
