Олабавени мерки

Отворени летните тераси на угостителските објекти

28.04.2021 16:57

Отворени летните тераси на рестораните и кафулињата. Филипче предупреди на одговорност пред претстојното празнување на Велигден и Бајрам. Најавени редарски служби низ храмовите...

Угостителите повторно ги отворија летните тераси, откако три недели беа затворени поради ограничувањата. Граѓаните го испија утринското кафе на предпладневното сонце. Велат, ги почитуваат мерките и не стравуваат од ширење на коронавирусот. Сепак дополнуваат дека укинувањето на полицискиот час за време на празниците може повторно да го зголеми бројот на новозаболените.    

Верските лидери за Велигден и Рамазан Бајрам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за празнувањето надвор од храмовите. Според Филипче, во следниот период не се очекува зголемување на бројките на новозаболени, но мерките мора да се почитуваат.

Полицискиот час почнува од 21 часот. Угостителските објекти ќе служат само на летните тераси. Фитнес клубовите остануваат затворени до 15-ти мај. Одлуката беше донесена на владина седница со образложение дека е намален бројот на новозаболени и хоспитализирани. 

 

Андријана Атанасовка