Продолжува потрагата по исчезнатиот малезиски авион

21.03.2014 13:14

Медиумите јавуваат дека пилотот на авионот неколку минути пред да полета зборувал на телефон, но се уште е мистерија на ког му се јавил...

Продолжува потрагата по малезискиот Боинг. Седум кинески бродови и пет авиони се упатиле кон јужниот дел на Индискиот океан, по вчерашната информација дека на  сателит биле  снимени два објекта во близина на Антарктикот, за кои се мисли дека се најдобрата трага до сега. 
 
Временските услови се подобри, вчера нашите радари не регистрираа ништо, но потрагата продолжува, авионите летаат многу ниско, но површината која ја пребаруваме е многу голема, вели Џон Јанг,Генерален менаџер поморска безбедност.
 
Медиумите јавуваат дека пилотот на авионот неколку минути пред да полета зборувал на телефон, но се уште е мистерија на ког му се јавил. Во потрагата по леталото за кое нема траг четиринаесет дена, се вклучени 26 земји.